Арена
Image default

Убавите девојки не ги удираат мажите во лице

Бела Бакстер во „Јадни суштества“ не е убава девојка

Пишува: Еви Лампропоулоу, Атина

Филмот „Јадни суштества“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос (кој има дури осум номинации за Оскар) ја раскажува приказната за Бела Бакстер. Таа е некаква супер убава и фантастично облечена сестра на Франкенштајн, која е родена во лабораторија, во која генијалниот научник пресадува бебешки мозок во женско тело. Таа има ум на невино дете кое физички се развива брзо и копнее за живот. Таа сака да го истражува светот и нејзината незадржлива сексуалност.

Хероината Бела Бакстер, ја игра Ема Стоун, која ги освои наградите и срцата ширум светот и е на чекор до Оскар. Во Грција, земјата од каде потекнува режисерот Јоргос Лантимос, филмот наиде на бурни реакции. Бела е многу силен лик. Или ја сакаш или ја мразиш. Некои Грци ја мразат.

„Не ми се допадна тоа што ги удира мажите по лицето“ – ми рече Маркос.

„Затоа што ти си грчки бел привилегиран маж, кој никогаш не добил удар по лицето“ – му се насмеав.

„Да!“ – ми одговори.

„Белиот маж е навикнат да биде на врвот на синџирот на исхрана. Тој голта помали форми на живот. Некој мора да го удри по лицето. Тоа е симболично! Тоа го погодува лицето на патријархатот“.

„Ова е едноставно неучтиво. И глупаво” – ми возврати.

„Но, таа има ум на дете!“ – јас му велам.

„И ти уживаш во тоа?!“ – ме праша тој.

„Да! И јас би сакала да удрам некои мажи по лицето. На пример, мојот шеф во училиштето каде што предавав новинарство, кој дојде, седна пред мене и разговараше со моите ученици како јас да не постојам. Мојот поранешен дечко кој ме турна во ѕид, при што си ја удрив главата. Или двајцата мажи кои ме нападнаа во Атина пред пет години и ми ја украдоа чантата. Некои мажи прават што сакаат. Така се научени бидејќи никогаш не биле удрени во лицето“.

Но, Бела Бакстер ги удира. Таа не е добра девојка. Таа сака да го истражува светот и сексуалноста, иако мажите во нејзиниот живот се обидуваат да ја спречат. Кога се обидува да ја напушти куќата, нејзиниот научник-творец-татко, иронично наречен Бог, на почетокот ја спречува. Нејзиниот нежен иден сопруг, исто така, се обидува да ја спречи бидејќи се грижи да не ја изгуби. Нејзиниот авантуристички љубовник Дон Жуан се обидува да ја спречи да порасне и да има секс со други. Но, таа го остава. Потоа работи во бордел каде ги критикува условите за работа. Таа бега од борделот. Никој не може да ја спречи. Таа лета како авион во нејзините прекрасни ракави од балон. Таа е бесрамна и затоа е бестрашна.

Родена е во лабораторија, па немаше време да се стекне со срам, мајка на сета патријархалност. Нејзините реакции се спонтани, инстинктивни. Нејзиниот поглед е свеж. Срамота е како општеството инсталира софтвер за патријархатот кај жените и ги претвора во добри девојки. Добри девојки немајте секс, не возвраќајте, не удирајте по лицето! Но, кога ќе ги отстранат слоевите на срам, жените стануваат супер херои. Ако продолжите да им давате книги и искуство.

Бела го поставува главното прашање за сексот: „Зошто луѓето не го прават ова постојано?“

Таа продолжува на повеќе социјалистички прашања.

„Зошто овие бебиња умираат додека ние спиеме на кревети со пердуви?“

„Зошто да одам по правила?“

„Во што е помошта од филозофијата?“

„Се надевам дека ќе се допрете по своето тело!?“ – таа ѝ вели на неверојатната, филозофска, хумористична, осумдесетгодишна Хана Шигула, на која сите сакаме да личиме, односно да станеме бестрашни и храбри – ако е можно пред да остариме.

Во сцените со луда смеа, Бела прекрасно деконструира еден од столбовите на патријархатот, човекот со пари, космополитски згодниот посакуван младоженец, Дон Жуан, кој сака само да биде слободна птица – како многу модерни мажи. Марк Руфило, кој секогаш играше досадни улоги, сега конечно станува ѕвезда.

Кога Дон Жуан ѝ вели: „Сега читаш цело време. Бела, губиш дел од твојот симпатичен начин на зборување“, јас се тресам. Многумина од нас имале посесивен бивш фраер, кој бил фасциниран од нашата искра, но не можел да се справи со тоа и затоа не нападнал и, можеби, нè удирал во ѕид, постојано лажел или нè затворал во соба. На почетокот, Дон Жуан игледа како безгрижно дете кое никогаш не ги пробушува своите топки. Тој завршува со жена која постојано чита. Дури и за ова ѝ завидува. Потоа мисли: „Бела, мораш да останеш дете. Алчен сум за секс, но не толку за да не можам да бидам во чекор со тебе. Значи, Бела, ќе те лоботомизирам за да те контролирам. Затвори ги книгите, погледни ме повторно“. Но, кога Бела јасно го погледнува, со сета негова незрелост, таа му вели, како што Диогенис од бурето му рекол на Александар: „Тргни се! Ми го сокриваш сонцето“. Удирајќи го во старогрчки стил, Бела станува филозоф.

Дали современата Гркинка е Бела? Што е со мене на пример? Јас сум Гркинка, од срцето на Атина, во средиштето на феминизмот, малку нескротлива. Но, јас не сум Бела. Во мене има добра девојка, која како да е елиен кој ме исцрпува и дозволува кражба на мојата работа и душа. Јас не го удирам мажјакот-предатор по лицето. Не сè уште. Згора на тоа, верскиот пуританизам е навлезен во нас, како религиозните така и атеистите.

Гркинката е помалку феминистична од Швеѓанката и Американката. Сексуалната револуција од седумдесеттите ја изгуби поради диктатурата, а денес се обидува да се синхронизира преку интернет. Таа би сакала да ги фрли пуританските гаќички во воздух, како Бела. Тука мислам на Симон де Бовоарние сме вториот пол. На американската хиперсексуална авторка Ерика Јонг, која стана супер позната со терминот „секс без патент“ – што значи безгрижен секс. Таа навистина го живееше својот живот. Мислам на романтичните девојки кои се заљубуваат во Дон Жуан, кој потоа се досадува, ги цица како портокали и ги фрла покрај патот. Девојки! – смртта ќе дојде за сите, и никој нема да ви честита за вашата чистота.

„Но, Бела многу го изневеруваше Дон Жуан. Таа ги јадеше и неговите пари“, ми рече Маркос.

„Тоа е примитивен начин на размислување. Зборот „измамник“ не ја засега Бела. Таа не лаже и не крие дека сака секс со други. Ние сакаме да ги смениме патријархалните улоги“ – му вратив.

„Значи, Бела мора да изневерува?“

„Да! Да биде слободна да прави што сака“.

„Но, Бела никој не ја изневерува!“, ми рече Маркос.

„Ти си толку неандерталец“, одговорив.

„На крајот, сепак, Бела најде добар сопруг“ – победоносно заклучи Маркос.

„Затоа што режисерот е Грк“ – му возвратив.

Авторката е писателка и поетеса која во своите романи пишува за танцувањето, урбаната магија на Атина, анархијата, современата сиромаштија, модерната љубов, феминизмот, гентрификацијата, сквотерите, родовата флуидност и островите. Добитник е на награди за краток расказ. Ја нарекуваат постмодерен, европски и американски формалист, хуморист, книжевно богатство и бунтовник. Таа себеси се опишува како постхуманист кој е вљубен во морето.