Арена
Image default

Интервју со Срѓан Ного: Таткото на Вања немал комуникација со Палчо, се води нефер постапка

„Јас не мислам дали Александар Ѓорчевски е виновен, знам дека врз основа на сите докази со кои располага судот или обвинителството, не постои ниту еден материјален доказ кој ги потврдува наводите од барањето за покренување на истрагата. Само постои изјава од Боре Видевски, кој тврди дека Палчо му рекол дека грабнувањето го договорил со таткото Александар, што апсолутно не е доказ, туку посредна индиција за оперативна истрага. И само може да укажува на нешто што треба да се провери. Но, oбвинителството и полицијата ги провериле тие навод, ги одзеле компјутерот и телефонот на таткото на Вања, тој лично им ги дал кодовите да ги отклучат и не постои ниту еден повик, порака, мејл или било каква комуникација помеѓу Александар Ѓорчвски и Љупчо Палевски“, вели Срѓан Ного во интервју за Арена.

Целото интервју со српскиот политичар Срѓан Ного, кој на својот Јутјуб канал објавува детали во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, прочитајте го во печатеното издание на месечникот Арена