Арена

Во продажба е првиот број на магазинот Арена

Во продажба е првиот број на месечникот Арена. Во него ќе читате:

ИНТЕРВЈУ СО СРЃАН НОГО: Македонските институции не го контактирале српскиот политичар Срѓан Ного, кој на својот Јутјуб канал објавува информации поврзани со убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и берберот од Велес, Панче Жежовски, но и информации поврзани со истрагата. Ного тврди дека вистината ќе излезе на виделина, но го поставува прашањето дали македонските судови и обвинителства ќе можат да ја откријат до крај преку постапката која се води. Според него, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски не е виновен за делото за кое се терети.

ГРАДЕЖЕН БУМ, СКАПИ И ПРАЗНИ СТАНОВИ: Становите ќе бидат поскапи и во 2024 година, иако секој трет стан во Македонија е празен. Тема во Арена: Што се крие зад поскапувањето на становите.

ВОЈНА ВО ИЗРАЕЛ: ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ МЕДИУМИ ЦЕНЗУРАТА Е ПОВАЖНА ОТКОЛКУ ПРВИОТ АМАНДМАН НА УСТАВОТ: Анализа на известувањето за војната помеѓу Израел и Хамас: Како за американските медиуми страдаат само Израелците, а не и Палестинците; Кој ги цензурира медиумите при известувањето и дали за нив цензурата е поважна од Уставот.

СВЕТСКИ НЕОТКРИЕНИ УБАВИНИ: Преку нашиот соработник од Чиле, Себастијан Варела, допираме до Чилое – чилеанскиот архипелаг со уникатен идентитет, кој иако не е светска атракција, е место вредно да се посети.

FASHION ARTICLE: Весна Додевска Ехрман од Лондон ја анализира изложбата и аукцијата на целокупната продукција на костими и реквизити од најнаградуваната драмска серија на Нетфликс, „Круната“.

ИНТЕРВЈУ СО БРАНИСЛАВ БРАЈАН РАШИЌ: Зошто рок музиката повеќе не може да биде револуционерна, но и за сите случувања на рок сцената низ призмата на еден од најпознатите и најважните рок фотографи.

НАЈМРЗЛИВИ ПРАТЕНИЦИ ВО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ: Анализа на активностите на пратениците кои не работат ништо, а се избрани од граѓаните за да ги бранат нивните интереси

Колумни:

Архимандрит Иринеј Стефановски
Божиќ – Дали на 7 јануари или на 25 декември

Љупчо Ристовски
Македонија и државотворноста на македонскиот народ

Ненад Живановски – Столиќ
Новиот човек на новиот свет

Пеце Јовески
Од пијалок на боговите, до хипстерите и веганите: Вистината за виното

Др. Кнегиња Рихтер
Дали сте наспани кога спиете во брачен кревет?

Иван Салечиќ
Последното танго и после него

Еви Лампропулу
Добрите девојки не ги удираат мажите по лице

Првиот број на Арена побарајте го на најблиското продажно место!