Арена
Image default

Струјата поскапува за 0,4 отсто за 88 проценти од домаќинствата

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски информираше дека цената на струјата кај домаќинствата, од 1 јули ќе се зголеми за 0,4 oтсто, за 88 проценти од домаќинствата се во првиот и вториот тарифен блок, со оглед на потрошувачката.

„За 88% од домаќинствата кои се во прв и втор блок цената на електричната енергија има корекција од 0,4%. За оние потрошувачи кои се во трет блок, а тоа се околу осум проценти од домаќинствата цената се зголемува за 0,48% и за четврт блок цената е зголемена за 0,57%. Клучно е сега универзалниот снабдувач да ја следи дадената регулаторна насока за оптимизирање на набавката на останатите 15 % за количини на електрична енергија што ЕСМ не ги понуди, и сега треба да се набават на слободен пазар . Треба да се бараат креативни решенија кои ќе бидат во интерес на граѓаните и да се размислува кон откуп на струја од домашните капацитети од обновливи извори. Неопходно е да има конкуренција и да се искористи моментумот кога цената на струја на берзите е поволна. “ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Регулаторната комисија за енергетика објви дека универзалниот снабдувач ЕВН Хоме соодветно го применил тарифниот систем при изготвување на одлуката за нови цени.