Арена
Image default

Вода протече во хируршките сали во ГОБ 8 Септември, проблемот е надминат

Вода протекла во две хируршки сали на третиот кат во ГОБ 8 Септември, во екот на вчерашното невреме.

Во меѓувреме проблемот е надминат,  а болницата е во целосна функција, информираа од ГОБ 8 Септември.

Пациентите што треба да бидат оперирани веќе се префрлени во опремени сали на другите катови.