Арена
Image default

Становите нема да поевтинат ниту годинава: Што ги крена цените на квадратот

 И покрај тоа што годишно во земјава во просек се градат околу 5.000 станови, а според Државниот завод за статистика секој трет стан во земјава е празен, растот на цените никако да сопре ниту пак има најави дека ќе се смири во догледно време.

Нема зграда во Скопје која почнува да се гради, а која не е продадена уште пред да се постават нејзините темели. Побарувачка има, посебно по завршувањето на пандемијата со коронавирусот и почнувањето на војната во Украина кое енормно ги покачи материјалите за градба.

Во последните десет години најниски цени беа забележани во 2017 година, но оттогаш почна тренд на раст на цените кој својот пик го достигна во 2022 година.

Истата година имаше голем пораст на трошоците за градење поради зголемување на цените на градежните материјали, пред се на железото и челикот кој доаѓа од Украина.

Според Ѓуро Чубриноски, прв човек на градежната фирма „Масон-Инженеринг“ и заменик претседател на Здружението на градежништво, индустријата на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија, освен побарувачката која секогаш ги диктира цените, врз нивното зголемување влијаеле и други фактори како недостигот на работна рака и поскапени градежни материјали.

Целиот текст прочитајте го во печатеното издание на месечникот Арена